Македонија

Продолжува седницата за разрешување на Зврлевски

12. август 2017 - 10:24 | Макфакс

Собранието денеска напладне треба да ja продолжи шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се објавени избори.

Коментирај