Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот.

Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески, на почетокот на неделата во отворено писмо до јавноста, информираа дека случајот влегува во завршна фаза и повикаа рочиштата да бидат набљудувани од преставници на невладините организации, медиумите и меѓународниот фактор.

– Основна цел на оваа наша замолница е непосредно да бидете информирани од можеби и најважните рочишта за овој предмет,  на кое многу детално ќе биде образложена одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески како и суштествените повреди кои се направени во досегашниот тек на постапката, се вели во писмото потпишано од адвокатите Еленко Миланов и Димитар Дангов.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе