Продолжуваат протестите во Минеаполис, Трамп се закани дека ќе испрати војска

Протестите во Минеаполис синоќа завршија со повеќе ограбени и запалени објекти откако Афроамериканецот Џорџ Флојд во неделата беше убиен од страна на бел полицаец, во очевиден расистички чин на полициска бруталност.

Групи на демонстранти во повеќе делови на градот синоќа координирано вандализираа разни објекти, а имаше и и пукање во јужниот дел на Минеаполис.

Полицијата во неколку случаи употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, но не употреби физичка сила и дозволи толпата да го изрази својот гнев.

Во повеќе случаи демонстрантите запалија и ограбија повеќе објекти и продавници. 

Главното барање на протестантите е одговорност и апсење на полицајците, кои додека го приведуваа невооружениот Флојд, полицаецот Дерек Чавин, употреби несразмерна физичка сила.

Четворицата службеници кои беа на местото на настанот се отпуштени од работа.

Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.

Демонстрантите  и многумина од набљудувачите во САД се прашуваат зошто полицаецот, кој го стори тоа сè уште не е упасен.

Миинистерството за правда на САД порача дека истрагата за полициската одговорност во случајот е главен приоритет. Синоќа и претседателот Доналд Трамп повика безбедносните служби да го решат случајот и се закани дека ќе испрати војска доколку ситуацијата не биде ставена под контрола. ФБИ спроведува истрага дали службенииците ги прекршиле федералните закони.

„Не можам да седам мирно и да гледам што се случува во американскиот град Минеаполис. Или левичарскиот градоначалник Џејкоб Фреј ќе го стави градот под контрола или јас ќе ја испратам војската и ќе ја завршам работата“, изјави Трамп.

Случајот со Џорџ Лојд почна откако сопственик на продавница во Минеаполис повикал полиција бидејќи се сомневал дека Флојд се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Сопственикот потоа изјави дека понудил да плати за погребот на Флојд. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе