Продуцентите на „James Bond“: Жена нема никогаш да ја добие улогата на тајниот агент

Филмската франшиза за тајниот агент 007 последните неколку години е опкружена со шпекулации околу тоа кој ќе ја преземе главната улога по заминувањето на Даниел Крег. Откако Идрис Елба самиот изјави дека нема да биде новиот Џејмс Бонд, сега беше одбиена и идејата дека жена некогаш би можела да се појави во улогата на најпознатиот таен агент во светот.

Барбара Броколи, која веќе 25 години е извршна продуцентка на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ја сруши надежта дека некогаш би можеле да видиме жена во улогата на костумираниот таен агент.

„Бонд е маж. Тоа е машка улога пишувана за машки актер и веројатно во иднина ќе го глумат само мажи. Не гледам шанса за актерка да се најде во главната улога“, истакна Броколи.

Во интервјуто за Guardian, Барбара Броколи исто така одговори на современите критики кои тврдат дека филмовите за Џејмс Бонд се мета на феминистите, кои го бојкотираат филмот поради однесувањето на главниот лик.

„Сценариото за филмовите за Бонд потекнува од книга напишана во 1950-тите години од минатиот век, така што постојат одредени карактеристики на ликот кои нема да се променат“, додаде таа.

Минатиот месец беше најавено дека режисерот на 25-тото продолжение на „James Bond“ ќе биде Кери Фукунага, кој доаѓа на местото на Дени Бојл, откако тој се откажа од позицијата поради креативни разлики со студиото.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе