Проекција: Каква штета би направила во Загреб експлозија како онаа во Бејрут?

Противпожарната служба на Загреб на социјалните мрежи објави проекција за тоа какви последици би претрпел главниот град на Хрватска ако се случи експлозија како онаа во Бејрут.

„Експлозијата во Бејрут беше една од најсилните во историјата, во мирнодопски услови. Ако ги ставиме податоците за моќта и последиците од експлозијата во компјутерска програма и ги примениме на центарот на Загреб, добиваме многу пластичен приказ на оваа страшна трагедија“, објавија пожарникарите.

Според направената компјутерска проекција, сите во радиус од околу 300 метри би настрадале во експлозијата. Во радиус од 450 метри луѓето би имале значителни оштетувања на дишните органи.

Оние кои би се нашле во радиус од 2 километри можно е да имаат привремено губење на слухот.

Бројот на загинати во експлозијата што се случи минатиот вторник се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство. Инцидентот се случи во магацин каде биле складирани 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

Граѓаните на Бејрут излегоа на масовни протести разгорени од незадоволството од начинот на кој власта изреагира на смртноносната експлозија.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб, завчера најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут ја продлабочи кризата во земјата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе