Проекција на документарниот филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст -Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, на 30 ноември 2023 година (четврток), со почеток во 21 часот организира проекција на долгометражниот музичко-документарен филм The Hip - Brainstorm на Јане Алтипармаков во рамките на филмската програма на иницијативата за есенски културен бран.

Долгометражниот видео/филм е во режија и продукција на Јане Алтипармаков, автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски. Продуцент и монтажер е Михаил Димитров, звучниот дизајн е на Валентин Видовиќ. Директор на фотографија е Наташа Гелева, снимател е Ања Илиева.

На монтажата работеа и Зоран Чаневски и Димитар Илиевски. Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски – автор на првата сеопфатна македонска рок-енциклопедија, Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ (Last Expedition, Mooger Fooger), членови на групатa The Hip, Morbid Joker, Музичка младина. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични оргазам, Екатерина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods.

Јане Алтипармаков студирал Филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Културолошки студии на Евроколеџ, а дипломирал филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Тој е филмски работник, музички проследувач и критичар/арт-теоретичар. Потписник на стотина текста од областа на филмот, независната музичка сцена и културата, објавени во повеќе домашни магазини, дневни весници и портали. Повеќегодишен музички соработник во независното радио Канал 103. Како режисер и продуцент се потпишува на повеќе документарни филмови, кратки форми и видеозаписи. Добитник на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена (The Hip-Reality Overdrive), и на специјалната награда за музички филм (The Hip-Brainstorm). Работи и како фото-документарист.

По проекцијата на филмот следи дискусија и музички сет на Јане Алтипармаков.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Почна сезоната на храна што го намалува ризикот од катаракта и до 43%

Read more

Култура

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Read more

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинешната Галичка свадба

Read more

Свечено отворање на Синедејс в четврток

Read more

Македонската филхармонија ќе го отвори Охридско лето со ѕвездата Џулијан Рахлин

Read more
 

Вести

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Читај повеќе
  • play_arrow

Избегнат страшен судир на патнички авиони на американското небо

Читај повеќе

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Читај повеќе

Таравари: На 5 најдобри студенти по медицина веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан објави фотка со Трамп: Разговаравме за мир, добрата вест е – ќе го реши тоа

Читај повеќе

Прегазен велосипедист во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Гума на авион експлодира при полетување во САД

Читај повеќе

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Читај повеќе

Мерко дозволил бесправно градење на објект кај базенот на хотелот Дрим, обвинение против 11 лица и 1 фирма

Читај повеќе