Проект за поголема безбедност и здравје на вработените во судската администрација

Охрид, 18 јуни 2019 (МИА) – Здружението на вработените во судската администрација во соработка со Македонското здружение за заштита на работа во Основниот суд во Охрид почна да го реализира проектот „Безбедност и здравје при работа на вработените во судските институции“.

Весна Ристевска од Здружението за заштита при работа, појасни дека целта на проектот поддржан од ЕУ е да се зголемат капацитетите на граѓанските организации, да се зголеми нивното влијание за подобрување на условите за работа, намалување на повредите и професионалните заболувања во земјата.

Статистичкките податоци покажуваат зголемување на бројот повреди и несреќи при работа, од кои најголем број во градежништвото и земјоделството, но и во администрацијата преку форми на професионални заболувања.

– Причина за тоа се лоши услови за работа. Инициравме процес да утврдиме кои се причините, се спроведува ревизија за утврдување дали има недоследности во легислативата, која треба да покаже дали е потребна негова измена или носење сосема нов Закон за работа, рече Ристевска.

Истражувањата уште утврдиле дека работниците многу малку знаат за своите права за безбедна и здрава работна средина.

– Потребна е превенција, зголемување на свеста кај работниците за нивните права, нивна поголема информираност како да остварат пристап до права и правда. Примерите работниците да се плашат од губење на работното место генерално покажува дека работниците имаат многу мала комуникација со работодавците, рече таа.

Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администрација рече дека можеби вработените во институциите сметат дека не се подложни на повреди при работа, но факт е дека и тие страдаат од одредени заболувања, предизвикани токму од дејноста што ја вршат.

– Пилот-проектите спроведени во судовите во Охрид, Велес и Штип покажаа дека вработените на работните места и во институциите се соочуваат со мускулно-скелетни промени и болести, рече тој.

Решение се бара преку обезбедување ергономска опрема како бироа, столови, сѐ до прирачник со препораки за одредени вежби за одржување на физичка кондиција и во насока на намалување на промените предизвикани од самиот тип на работното место. Се размислува и за обезбедување простории во институциите каде би можеле вработените да практикуваат вежби.

Дури 98 отсто од испитаниците опфатени со пилот-проектот одговориле дека секојдневно се соочуваат со болки во мускулно-скелетниот систем. Генерално, фигурира податокот дека како нација, Македонците многу седат, малку физички се активни.

реклама

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Македонија

Сончево и раст на температурите во следните денови, за викендот нестабилно

Read more

МЗ: 40 отсто повеќе оздравени лица за една недела

Read more

Од утре во функција ваучерите за домашен туризам

Read more

Казни за 169 лица за неносење заштитна маска

Read more

Вести

Сончево и раст на температурите во следните денови, за викендот нестабилно

Читај повеќе

МЗ: 40 отсто повеќе оздравени лица за една недела

Читај повеќе

Осум сообраќајки во 24 часа, еден загинат, повеќемина повредени

Читај повеќе

Од утре во функција ваучерите за домашен туризам

Читај повеќе

Повеќето германски компании сакаат постојано да се работи од дома

Читај повеќе

Над 56.000 новозаразени во САД во последните 24 часа

Читај повеќе

Казни за 169 лица за неносење заштитна маска

Читај повеќе

Тензии меѓу САД и Кина околу Јужното Кинеско Море

Читај повеќе

ОДИХР: Прелиминарна оценка за изборите на 16 јули, се следи изборниот процес, кампањата и медиумите

Читај повеќе