Професорот Апасиев за пресудата 3 години затвор за убиство: Дете е убиено, не е маче згазено на пешачки

Професорот во право, Димитар Апасиев, се огласи на социјалните мрежи по скандалозната одлука на судот да определи само тригодишна казна затвор за убиството на тинејџерот Никола Христовски лани во Ново Лисиче.

Одлуката ја растревожи јавноста и резултираше со демонстрации синоќа во скопски аеродром. Професорот по римско право на Штипскиот универзитет го нападна судството кое го обвинува дека донело скандалозна одлука кое не само што е на штета на жртвата и на неговото семејство, туку и ја исмева идејата за правда за која судот мора да се залага.

„Дегутантно е да аргументирам со вас. Не ја замајувајте јавноста со вакви ефтини соопштенија. СУД не постои! Обвинителство не постои! Тиe се само згради. Постои судија и постои обвинител! Со име и презиме. И кажете ги кои се во случајов, кога е сторено вакво грозоморно дело убиство на тинејџер, за кое пресудувате само три години затвор!? Па не е маче згазено на пешачки бе. Дете е убиено! Алоооо.

Не се вадете на божемни законски граници и непристрастност.
Трагично и нестручно е да ги споменувате само „олеснителните околности“ на убиецот [бил млад и неосудуван и убил во афект]. А, да прашам, кај се ОТЕЖНИТЕЛНИТЕ околности:
(1) делото е сторено како резултат на меѓуетничка омраза - што само по себе го квалифицира, а не го привилегира;
(2) делото е сторено со нож од 9 см што убиецот го носел со себе, на јавно место, а не смеел;
(3) сторителот не е доведен во афект без своја вина, како што налага Кривичниот законик, бидејќи - според кажувањата на сведоци од Ново Лисиче - претходно на бензинската бил прв кој, со своја банда, почнал да ги тормози другарките на убиеното момче...

И? Викате ова е таа реформирана правда, а? Да ви се плукнам во ваквата „правда“. Како професор по право, сакам да ви кажам дека предавањето на Правото е обезвреднето ако во практиката ја исмеваме идејата за Правда. Запомнете го ова и ЗАСРАМЕТЕ СЕ!

П.С.: Искрено се надевам дека Апелациониот суд ќе ја преиначи оваа жална и трагична пресуда“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе