Свет

Прогласена Луганска Народна Република

28. април 2014 - 9:51 | Макфакс

Проруски активисти во градовите на Луганск на истокот од Украина прогласија Народна Република Луганск и ѝ поставија ултиматум на Украина за ослободување на сите учесници на движењето на истокот од земјата.

Тие од Киев меѓу другото побараа и признавање на рускиот јазик како државен и одржување референдум за прашањата за самоопределување на регионот, пренесува „Гласот на Америка.

Доколку до 29 април Киев не ги исполни нивните барања, тие најавија дека ќе преземат „активни чекори".

Коментирај