Гејминг

Прогласена најпопуларната PlayStation игра на сите времиња

14. февруари 2018 - 18:56 | А.С.

За легендарната конзола PlayStation 1, што беше претставена во Јапонија пред повеќе од две децении, досега се произведени 5.103 игри, но една најмногу ги освоила срцата на играчите.

Според анкетата на Ranker, играта Driver е прогласена за најдобра PlayStation 1 игра на сите времиња, вклучувајќи го и нејзиното продолжение Driver 2.

Кога денес го гледате трејлерот за играта не може да не бидете импресионирани од квалитетот, имајќи го предвид времето кога била направена.

Автор на играта што беше претставена во Европа на 25 јуни, 1999 година, а во Америка 5 дена подоцна, е компанијата GT Interactive Software.

Играчите се во улога на возач-бегалец кој вози низ Мајами, Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.

Целосната листа изгледа вака:

1. Driver

2. Digimon World 2003

3. Dreams

4. Pop'n Music 2

5. Pop'n Music: Animation Melody

6. 1Xtreme

7. 2Xtreme

8. 3, 2, 1... Smurf! My First Racing Game

9. 3D Baseball

10. 3D Bouncing Ball Puzzle

Коментирај