Свет

Прогласена независност во Донецк

7. април 2014 - 14:42 | Макфакс

Група проруски ориентирани демонстранти, кои се противат на новата украинска влада, ја зазедоа главната зграда на администрацијата во градот Донецк и прогласиле Донецка Република, независна од Киев, јавуваат тамошните медиуми.

На новинарите не им било дозволено да влезат во заземената зграда, а претставникот на демонстрантите одлуката за прогласување на независност на новинарите им ја дал пред да влезе во заземената зграда.

На интернет е објавена видео снимка на која, како што велат демонстрантите, била прикажана седница на нивното собрание.

„Прогласувам формирање независна држава Народна Република Донецк", рекол еден од демонстрантите кои се гледаат на снимката.

Делегатите исто така донеле одлука најдоцна до 11 мај да биде организиран и одржан референдум за пристапување кон Руската Федерација, а од рускиот претседател Владимир Путин побарале да испрати „привремен мировен контингент" војска.

Во Луканск, кој се наоѓа на околу 25 километри источно од границата со Русија, група неидентификувани лица подигнала насипи во текот на ноќта на главната сообраќајница, а полицијата „вовела приправност и ги блокирала сите влезови во градот".

Украинскиот министер за внатрешни работи ја обвини Русија дека стои зад проруските демонстранти.

Коментирај