Програма на 15. Филозофски филмски фестивал: Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори

Филозофскиот филмски фестивал – Скопје најавува проекција на четири филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка, чии дела се одликуваат со длабока филозофска релевантност и иновативен пристап кон филмскиот јазик.

Проекцијата ќе се одржи на 28. март (петок), во 20:00 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје. Ќе се проектираат следниве филмови: „Irani Bag“ (2021, 8’), „Nazarbazi“ (2022, 20’), „Code Names“ (2022, 21’) и „Mast-del“ (2023, 18’). По проекцијата ќе следи онлајн разговор со Меријам Тафакори, а модератори на разговорот ќе бидат Ивана Мирчевска и Ѓорги Пулевски.

Во врска со проекцијата, на 27. март (четврток) од 18:00 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде одржана работилница, на која учесниците, преку користење на колажни техники, реорганизирање на постоечки визуелни архиви, текст и звук, ќе имаат можност да истражат нови релации, значења и наративи, инспирирани од нејзиниот уникатен пристап.

Меријам Тафакори е визуелна уметница и филмска режисерка родена во Иран, чии дела комбинираат поезија, архивски материјали и рефлексивна документаристика. Таа користи филмски колаж, поезија и архивски звук и слики, создавајќи динамичен дијалог околу теми како што се меморијата, идентитетот, моќта, интимноста и отпорот. Нејзините филмови поттикнуваат критичка рефлексија и дијалог, истовремено промовирајќи го филмот како медиум за филозофско размислување.

Тафакори нуди повеќеслојна леќа кон иранското кино и раскажувањето на приказни, без да се потпира на воспоставените погледи и пракси. Деконструирајќи го постреволуционерниот ирански филм таа ни го открива невидливото и интимните форми кои оперираат во овие слики во движење, а кои успеваат да ја заобиколат постоечката цензура. Со својата идиосинкретична филмска естетика и поетичен визуелен јазик, Меријам создава феминистички контра-архиви кои го предизвикуваат и Источниот и Западниот кинематографски поглед.

Нејзиниот филм Mast-del премиерно беше прикажан на Directors’ Fortnight во Кан и беше вклучен меѓу најдобрите кратки филмови и видео есеи на 2023 година. Нејзините дела се прикажувани во водечки институции како MoMA, Tate Modern, LUX London, како и на престижни фестивали, меѓу кои Locarno, Toronto и New York Film Festival.

Тафакори е добитничка на бројни награди, вклучувајќи ја Film London Jarman Award (2024), Gold Hugo (Chicago IFF), Tiger Short Award (Rotterdam IFF) и Barbara Hammer Feminist Film Award (Ann Arbor FF).

Проекцијата е поддржана од Британскиот совет.

реклама

Култура

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Read more

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Read more

Македонскиот народен театар со разнолик репертоар: Од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Read more

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе