Прогресивното одданочување останува отворено прашање, од данокот на добивка и на личен доход ќе се соберат 54 милиони евра

Прогресивното оданочување останува отворено прашање за кое, како што најавуваат од Министерството за финансии, ќе се дебатира во следниот период. Во предлог-даночната реформа нема конкретен предлог за ова прашање со цел да се остави простор за дебата и да се види кое решение би било најсоодветно.

Даночната реформа ќе се спроведува етапно и на почетокот е планирано тоа да се реализира во делот на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Од данокот на добивка и на личен доход се очекува во буџетот да се слеат 54 милиони евра. Она што како предлог-решение стои во даночната реформа е да се оданочуваат каматите на депозитите за 10%, да се укине даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка и да се плаќа здравствено и пензиско осигурување за хонорарците.

– Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со 2% годишна камата, тоа значи имам добивка 2 илјади денари годишно. И сега би платил 10% данок, значи 200 денари годишно, кон државата, појасни министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг со новинарите на кој беше презентирана даночната реформа.

Бесими вели дека се работи за предлог-решенија за кои ќе се разговара со сите засегнати страни во следниот период. Целта е да се создаде оптимален даночен систем и да има правично оданочување кое ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на граѓаните. Според Бесими, станува збор за реформа на која е работено долго време и за која се направени длабински реформи.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе