Бизнис

Производите на Виталиа дел од Гулфуд 2015 во Дубаи

19. февруари 2015 - 10:09 |

Иновативноста во креирањето на оригинални здрави производи според потребите на современиот потрошувач, беа основа на успешната презентацијата на Виталиа на јубилејното 20-то издание на еден од најголемите светски саеми за храна и угостителство, Гулфуд 2015 во Дубаи.

„Присуството на Виталиа на Гулфуд е навистина значајно како за компанијата, така и за афирмација на брендот Made in Macedonia. Атрактивноста  на нашите производи од аспект на дизајн, оригиналност и квалитет привлече големо внимание кај посетителите отворајќи ги вратите на нови пазари, посебно во регионот на блискиот исток. Како компанија со етаблиран бренд,  горди сме на фактот дека иновациите на Виталиа во доменот на здравата храна се рамо до рамо со најголемите светски компании  од оваа област”, изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Настапот на Гулфуд 2015 доаѓа по претставувањето на дел од производите на Виталиа на ISM 2015 саемот во Келн каде пособен интерес предизвика новата палета на производи, бонбониерата Vitalia finest selection и Take Away муслите во чаша чија уникатност и практичност ветува успешен пласман ширум светот.

Коментирај