Производството на Спутник V во Србија ќе почне пред мај

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) и белградскиот Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ потпишаа договор за производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Србија, што може да биде покрената до мај оваа година, соопштија од РФПИ.

Прецизирано е дека производството на вакцината Спутник V во Институтот „Торлак“ се очекува да почне до мај годинава.

- Србија е меѓу првите земји во светот што одобри и започна да ја користи руската вакцина за имунизација на населението против коронавирусот. Производството на Спутник V во институтот „Торлак“ ќе ја поедностави логистиката и ќе овозможи да се забрза реализацијата на програмата за вакцинација во Србија, изјави шефот на рускиот фонд Кирил Дмитријев.

Србија со ова ќе стане прва земја во Југоисточна Европа што ќе ја произведува вакцината Спутник V. Вакцината подоцна ќе може да се извезува во други земји во регионот, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Спутник V.

Првите дози на руската вакцина беа доставена во Србија на 30 декември минатата година, а имунизацијата со неа во Србија почна на 6 јануари 2021 година.

Вакцината Спутник V е регистрирана во 56 земји од светот со вкупно население од над 1,5 милијарда лица. Ефикасноста на вакцината е 91,6 отсто, што е потврдено со објавувањето на податоци во медицинското списание „Лансет“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе