Проклетството на Сината дупка: Гробница за нуркачи

Вљубениците во нуркањето ја раскажуваат истата приказна одново и одново и ја повторуваат реченицата: „Ако тоа можеше да му се случи на Стив, може да му се случи на кој било.“

Во јули годинава, 39-годишниот Стив Кинан од Даблин се удави откако го следеше нуркачкиот подвиг на светската рекордерка Алесија Зекини во слободно нуркање (на длабочина од 102 метри).

Додека се обидувала да го помине лакот на ноторната Сина дупка со само еден здив, 25-годишната Италијанка почнала да губи свест.

Кинан побрзал да ѝ помогне и ја водел кон површината. Таа успеала да се извлече неповредена, но тој се онесвестил. Неговото безживотно тело било пронајдено подоцна стотина метри подалеку, како плови во водата.

Кинан беше еден од најдобрите во оваа професија. Неговата смрт остана како мрачен потсетник дека ова е едно од најопасните места за нуркање во светот.

Магијата на Сината дупка

Сината дупка во Црвеното Море е длабока 120 метри, оддалечена 8 километри од градот Дахаб на Синајскиот Полуостров во Египет.

Ја нарекуваат “Гробница за нуркачи“, меѓутоа тоа не ги спречува илјадниците ентузијасти да доаѓаат секоја година и да нуркаат тука, занемарувајќи ги сите предупредувања и спомен-плакетите за загинатите нуркачи поставени на карпата.

На длабочина од 56 метри, ѕидот на карпата го снемува и се открива тунел долг 26 метри од Сината дупка кон длабочината на океанот.

„Прекрасно е, како да стоите во подводна катедрала. Проблемот е во тоа што нуркачите мислат дека ако нуркале 50-тина пати на други места се убедени дека знаат сѐ и не се подготвени за оваа длабочина и овие услови“, вели инструкторот за нуркање Алекс Хејес.

Колку подлабоко оди нуркачот, толку е посилен ефектот на неговиот организам, наркоза што често се нарекува ‘мартини ефект’“, вели тој.

Собирач на коски

Нема точни податоци колку нуркачи „голтнала“ Сината дупка досега. Нуркачите во Дахаб велат дека се најмалку 200 во изминативе 100 години.

Тарек Омар (53) не си игра со погодување. Тој е технички нуркач кој почнал да ја истражува Сината дупка во 1992 година, фасциниран од „проклетството“.

Тој се прослави во 1997 година кога од дупката ги извлече телата на нуркачите Матин Гаре и Конор О’Реган. Оттогаш има извлечено 20-тина тела од Сината дупка и поради тоа го доби прекарот Собирач на коски.

Ја сними сопствената смрт

Покрај предупредувањата и пропишаните правила од локалните власти, нуркачите сепак одат во Сината дупка и неретко таму исчезнуваат. Најпознат е случајот на Јуриј Липски кој во 2000 година нурна во Сината дупка и никогаш не излезе на површина. Подоцна беше откриено дека на кацигата имал прикачено видеокамера со која ја снимил сопствената трагедија.

 

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе