Проколнатиот брод на Тито со години бесцелно талка во Атлантикот

Проколнатиот брод на Тито Lybov Orlova со години лута во Атлантскиот Океан, а последен пат бил забележан 2013 година, 1000 километри од ирски брег. Сега се шпекулира дека токму овој брод пред неколку дена бил забележан на брег во Калифорнија, иако тоа звучи речиси невозможно.

MV Lybov Orlova, бродот кој го доби името по познатата руска театарска актерка, изграден е во 1976 година по нарачка на руска компанија која имала за цел бродот да биде главно превозно средство за екскурзии по Антарктикот.

„Се на тие бродови беше од домашно производство. Челик, бродски мотори, инсталација. Единствено што Русите бараа на оваа серија на патничко – теретни бродови беше тоа што навигационите уреди и комплетната опрема во кујната мораше да биде нивна“, изјави Божидар Девчиќ, некогаш шеф на Техничкиот уред.

Југословенскиот брод со години успешно одолевал и во тешки услови, па издржал се – од невремиња до големи замрзнати површини, а своите задачи успешно ги вршел се до 2006 година.

Сепак, поради долгови на сопственикот на компанијата кои изнесувале 251.000 долари, бродот бил задржан во пристаништето Сент Џон во 2010 година.

Две години подоцна бил продаден на компанијата Neptune International Shipping.

Само ден откако бродот бил ослободен од пристаништето, се скинало безбедносното јаже. Екипажот безуспешно се обидел повторно да го врати напуштениот брод, но високите бранови и тешките удари на ветер ги спречиле во тоа.

Набргу бродот влегол во меѓународните води и канадското Министерство за сообраќај истакнало дека тој веќе не претставува опасност за канадските компании, поради што го напуштиле.

Во претходните неколку години бил забележан како бесцелно лута по Атлантикот.

Бродот од југословенско производство бил тежок 4.000 тони, а можел да пренесе 110 патници и членови на екипажот.

Иако се шпекулираше дека токму овој брод се нашол на брегот во Калифорнија, сепак набргу било утврдено дека тоа е речиси идентичен брод кој бил на поранешна мафијашка коцкарница на вода и дека нема врска со бродот со југословенско производство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе