Здравје

Пролетно чистење на кожата: едноставна домашна маска за лице

20. март 2017 - 11:49 | А.С.

Зимата и ниските температури оставија траги на кожата на лицето што сега може да изгледа уморно и исушено. Со оваа едноставна маска што може сами да ја направите дома, ќе ја освежите и тонирате кожата на лицето.

Денес сѐ попопуларни се природните рецепти што може едноставно да ги припремите дома, без додадени штетни хемикалии. За оваа маска потребни ви се само мед и лимон.

Најпрво, измијте го лицето со топла вода и добро избришете ја кожата.

Потоа во мал сад помешајте половина лимон со две лажици мед. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа нанесете ја готовата маска на лицето, одбегнувајќи ја областа околу очите. Оставете ја да стои десетина минути. Измијте ја маската со топла вода.

Со оваа маска, вашата кожа ќе биде обновена и нахранета.

Лимонот помага да се избелат флеките и се отстрани слојот мртви клетки на кожата, а медот ја потхранува и освежува кожата.

Коментирај