БУНДЕСЛИГА 2019/20

Промаши пенал и ги обвини празните трибини

Напаѓачот на Аугсбург вели дека недостатокот од бучава на трибините е вистинскиот виновник за тоа што тој синоќа промаши пенал.

Во 27. минута Аугсбург доби шанса да го отвори резултатот на домашен терен против Келн откако главниот судија Бенјамин Кортус покажа на белата точка поради стартот на голманот Хорн над Ноа Саренрен.

„Ја направив најголемата грешка која еден пеналџија може да ја направи. Глупави натпревари без публика“, рече 29-годишниот Нидерлехнер по натпреварот.

Додека Нидерлехнер се подготвуваше да го изведе пеналот, противнички играч му довикна на голманот Тимо Хорн дека напаѓачот на Аугсбург милува да шутира во десниот агол. Но, бидејќи Нидерлехнер го слушна разговорот, реши да отстапи од неговата пенал-рутина што резултираше со тоа што Хорн му го одбрани ударот.

„Всушност, јас секогаш шутирам во аголот, десно. Оставив ситуацијата да ми влијае. Често сум бил херој, но денес испаднав будала“, вели тој.

За Флоријан токму тоа што на натпреварите нема публика придонело за да ја направи таа промена во последен момент. Со публика на трибините немаше да го слушне разговорот на противниците бидејќи навивањето ќе ги пригушеше нивните зборови.

Нидерлехнер сезонава ги одигра сите 30 натпревари во Бундеслигата на кои постигна 11 голови од кои 1 од белата точка.

Аугсбург и Келн синоќа ремизираа 1:1 на „ВеВеКа“ арената и тоа со голови во последните пет минути. Поведоа гостите преку Антони Модест во 85-та, а три минути подоцна израмнија домаќините преку Филип Макс. Нидерлехнер го извадија во 76. минута.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе