полицајците и социјалните работници се вратија во Италија

Промашување на годината: Центрите за мигранти во Албанија празни

Десетици италијански полицајци и социјални работници распоредени во центрите за мигранти во Албанија од страна на италијанската крајнодесничарска влада се вратија дома, бидејќи овие објекти се празни со недели.

Нешто повеќе од еден месец по отворањето на центрите за баратели на азил во Албанија, повеќе од 50 полицајци беа вратени назад во Италија, додека десетици социјални работници заминаа во текот на викендот, а нивното присуство во Албанија се сметаше за непотребно.

Од отворањето на 11 октомври, само 24 баратели на азил дојдоа во центрите во Албанија. Петмина мигранти поминале помалку од 12 часа во притворот, додека другите останале нешто повеќе од 48 часа.

Сите тие беа префрлени во Италија откако италијанските судии утврдија дека е незаконски да ги приведат во Албанија.

Притоа, судиите ја потврдија пресудата на Судот на правдата на ЕУ од 4 октомври според која земја надвор од блокот не може да се прогласи за безбедна освен ако целата нејзина територија не се смета за безбедна.

Како резултат на тоа, центрите што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги претстави како нов модел за формирање центри за обработка и задржување на баратели на азил надвор од ЕУ се празни повеќе од еден месец.

Владата најави дека центрите во Албанија ќе останат отворени и оперативни и дека трансферите во Италија се направени според потребите на персоналот.

Сепак, кредибилитетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони е загрозен откако таа ја направи имиграцијата централно прашање на кампањата.

Во минатото таа ги критикуваше своите претходници за трошење на јавни пари за управување со миграциската криза.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Регион

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Read more

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Read more

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Read more

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе