Промашување од 120 милиони евра

Откако конечно почна да игра како што треба сезонава, барем за да ја оправда огромната сума што Барса ја плати за неговите услуги, Антоан Гризман повторно потфрли.

При изведувањето пенали на натпреварот од шпанскиот Суперкуп против Реал Сосиедад повторно имаше промашување.

Барселона конечно успеа да го донесе Гризман летото 2019 година со обештетување од 120 милиони евра, но за време на неговата прва сезона во Каталонија тој никогаш не заигра како фудбалерот кој ѝ донесе светска титула на Франција и кој со години беше клучен играч на Атлетико.

Оваа сезона тој потсетува на својата стара верзија, а во тој стил продолжи и против својот поранешен клуб во полуфиналето од Суперкупот. Му намести гол на Френки де Јонг, со што учинокот сезонава му е седум гола и пет асистенции.

Реал Сосиедад изедначи, па финалистот се решаваше со пенали. Играчите и на двата клуба слабо се покажаа. До четвртиот круг и Гризман, погодиија само тројца од седумте изведувачи, но од нив двајца беа играчи на Барселона, па Гризман, кој шутираше втор во четвртиот круг, ќе ѝ донесеше победа на Барселона со удар од белата точка.

Играчот од 120 милиони евра и инаку одличен изведувач на пенали, истрча и шутираше со левата нога, но наместо победнички гол, тој го погоди 30-тиот ред на трибините зад голот на стадионот во Кордоба.

Следеше израмнување (2:2), но Барселона и Гризман ги спаси Рики Пуиг кој го погоди својот пенал за победа на Барселона од 3:2.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе