Промената на уставното име инспирација за учесниците на Вевчанскиот карневал

Вевчани, 13 јануари 2019 (МИА) – Промената на уставното име беше најголема инспирација за вевчанските василичари, кои попладнево продефилираа низ вевчанските улици на годинашниот Вевчански карневал 2019.

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, низ вевчанските улици помина и Комисијата за доделување Нобелова награда за која е номиниран премиерот Зоран Заев, минималната плата од 500 евра, странските инвестиции, законите за родителски додаток на министерот за здравство Венко Филипче, како и осуммината пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, кои ги поддржа уставните измени и ѕидот на Трамп кон Мексико. И годинава на сатиричен начин беа претставени специјалните јавни обвинителки и загадениот воздух, а не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените детски цртани ликови, како и други смешни и страшни содржини.

Карневалот за отворен го прогласи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој посочи дека Вевчанскиот карневал никогаш не се ни затвора.

– Денеска е ден за сатира, за смеење и малку да се пошегуваме за да најдеме некое друго значење на она со што се занимаваме и го правиме секој ден, изјави Манчевски пред официјалното отворање на манифестацијата.

Манчевски посочи дека очекува политичарите да бидат дел од настанот, односно претставени на сатиричен начин.

– Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт. Ако не треба да биде сменета, рече Манчевски.

Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски уште еднаш потсети дека локалната самоуправа не учествува во изборот на маските и оти тие ги дознаваат за време на дефилето.

– Ние не учествуваме во изборот на маски, можеме само да апелираме. Немаме увид во што ќе бидат маскирани василичарите, рече Јанкоски.

Многубројните гости во Вевчани повторно ја доживеаја 15-вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите. Карактеристично за манифестацијата е што никој никому не се лути бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

По дефилето, двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе ги посетат вевчанските семејства со желби за среќа и бериќет. Во утринските часови традиционално, според обичаите ќе одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричката. Присутните вечерва ќе ги забавуваат „Баклава“, „Џубокс бенд“, Кате и „Нели ти реков“ и „Оркестар зурли и тапани“.

Според традицијата, василичарите утре околу пладне ќе дојдат во центарот на Вевчани каде ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, со што се верува дека се ослободуваат од злото и  годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе