Променливо облачно и потопло време за викендот, од понеделник заладување

Потопло време со сончеви периоди нѐ очекува до понеделник, по што поради продор на студена воздушна маса ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово (-2). Максималната дневна ќе се движи од 5 до 13 степени. Во Скопје утринската ќе биде 0, а дневната ќе се искачи до 9 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

Денес и утре слаби врнежи од дожд ќе има во западните делови. За време на викендот, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.

За време на викендот утринските темепратури над нулата, а дневните од 7 до 12 односно до 14 степени. Во вторник и среда минималните температури од -3 до 2, односно од -7 до -2, а дневните максимални од 2 до 9, односно од -1 до 5 степени.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе