Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер (над 60км/час.).

Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 10°C.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10°C.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.
Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово – Дебар се укинуваат во 5:30 часот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.