Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од 15 до 23 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.