Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Пладне локално ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа се очекува процесите да бидат поизразени, локално и во форма на невреме.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во наредните денови ќе има само делумно стабилизирање на времето, но наместа сè уште е можен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Температурата на воздухот ќе биде во пораст, а од наредниот викенд повторно ќе опаѓа.