Македонија

Промоција на безбедни семејни паркинг зони

27. февруари 2019 - 8:44 | МИА

Скопје, 27 февруари 2019 (МИА) – Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ чија главна цел е да се подигне свеста за безбедност во сообраќајот на ранливите категории, особено на бремените жени и на возачите на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст.

Планирано е обележување на посебно паркинг-место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници кои ќе се издаваат во времетраење од една година. Исто така, се планира и издавање на брошура со совети од медицински аспект.

– Статистиките покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи во кои се повредени родители или деца до тригодишна возраст се поразителни, па оттаму и нашата намера да го посветиме вниманието токму на овие целни групи, велат од Авто мото сојузот на Македонија, кои го спроведуваат проектот.

Проектот ќе се спроведува низ целата држава во текот на 2019 година.

Коментирај