Промоција на „Допир“ - ова не е обична книга поезија

На 14 декември во 20 часот во литературното кафе Метаноја во Скопје ќе се одржи промоцијата на графичката арт панорама „Допир“.

Издавач и носител на проектот е Арт Еквилибирум од Гевгелија, а авторки и уреднички на панорамата се Марија Стојанова и Снежана Стојчевска.

Панорамата „Допир“ е симбиоза, односно претставува дијалог помеѓу двете уметнички дисциплини  - поезијата и графиката.

Застапени се песни од 16 поети и тоа: Цветанка Колева, Тони Попов, Љубица Шопова, Љупка Антеска, Александар Станојков, Јосип Коцев, Лулзим Хазири, Андреј Ал-Асади, Перица Сарџоски, Катeрина Гогова, Диме Данов, Митко Апостолов, Долорес Атанасова Лори, Александра Спасеска, Мира Смaќоска Танеска, Цветанче Костоска, а инспирирани од нивните песни, илустраторите Давор Кешќец, Едона Азири, Александар Иванов и Ивана Горичан нацртаа цртежи кои потоа беа печатени на техника сито штампа.

Илустрацијата на корицата и графички дизајн е на уметницата Емилија Мишева, а рецензијата за книгата ја напиша писателот Стефан Марковски, додека пак за лектурата е заслужна Виолета Танчева-Златева.

Книгата е поделена во 4 поетски циклуси „Пу барам!“, „Љубов дотечи!“, „Брзо јурат елените!“ и „Пукни срце!“.

„Допир не е обична книга поезија, туку еден богат уметнички спој во кој графиката ја оживува песната, а со тоа има и јасна тенденција да ја доведе уметноста во рацете на публиката, надвор од застаклените излози на книжарниците, во едно поинакво руво. Да се оствари близина со боите, контурите... Сито печатот ја зголемува живоста, ги засилува боите и го прави искуството на допир единствено и несекојдневно. Идејата на оваа панорама е да стане база за понатамошни изданија и воедно да ја потврди заложбата на „Арт Еквилибриум“ за независна продукција“, вели Марија Стојанова, одговорниот уредник и носителот на идеата да се направи ваква книга.

„И токму допирот меѓу текстуалното и визуелното во оваа панорама, небаре допир меѓу авторот (аристотелијански допрен и од генијот и од лудилото) и неговото штотуку завршено дело спремно за соочување со самото себе и светот, како самиот од себе да извира уметност спремна да биде восприемена (откако претходно била создадена од чинителите) од истиот тој свет. Со зборовите на големиот барокен Германец, сѐ што е потребно за свирење музички инструмент е вистински допир во вистинско време и тој самиот ќе создава музика (Бах). Вистинскиот допир меѓу текстуалното и графичкото/визуелното во вистинско време дури и во облик на панорамски преглед поседува задоволителен потенцијал да го доближи творештвото на застапените автори до „секојдневната читателска публика“ правејќи уникатен и интересен мултимедијален спој близок до нејзините чинители“, вели рецензентот Стефан Марковски.

Еден циклус песни, отсликан во еден цртеж – графика. Откини го, врами го, врами ја книгата, врами песна или чувај ја себично дома на полица, затоа што е замислена како вистинско уметничко дело.

„Четвртиот циклус ‘Пукни срце!’ зборува за смртта, загубата на најблиските и за справувањето со тагата на оние што остануваат. Во него се застапени поетесите Долорес Атанасова Лори, Александра Спасеска, Цветанче Костоска и Мира Смаќоска Танеска. Илустрацијата на оваа поетска целина е дело на уметницата Ивана Горичан. Дизајнот на панорамата е на Емилија Мишева, како и илустрацијата на корицата со која се заокружува и врамува ова дело, како слика на сегашноста подарена на вечноста“, гласи извадок од видувањето на Снежана Стојчевска, одговорен уредник и приредувач на „Допир“.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе