Промоција на книгата за деца „Арно ама“ на Калина Малеска

На 19 април во 19:00 часот во Театар „Сенки и облаци“ во Дебар маало ќе се одржи промоција на книгата за деца „Арно ама“ на Калина Малеска, во издание на „Или Или“.

На промоцијата ќе зборуваат Оливера Ќорвезироска  и авторката Калина Малеска.

„Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман.

Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат. Делото третира прашања и проблеми со кои денешните деца навистина се соочуваат, како: убави но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, негрижа на некои луѓе за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост и слично. Таквите проблемите со кои се соочуваат децата се прикажани низ реалистично раскажување, што повремено е испреплетено и со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација.

Особено интересни се заплетите во секој расказ, кои се најавуваат со зборовите „арно ама“ – при што вообичеаната секојдневна ситуација, како резултат на одредени околности, се усложнува, по што ликовите се обидуваат да изнајдат начини за да ги решат произлезените проблеми.

Впечатлив белег на оваа книга даваат заводливите и луцидни илустрации на Владимир Лукаш, кoи ги оживуваат предметите и суштествата. Нивните впечатливи бои и форми ги разубавуваат расказите, а дополнителна радост и исчекување кај читателите создава секое следно „арно ама“ насликано различно од претходното. Зачнати од мотивите во расказите, илустрациите се ослободуваат од реалноста и ги пресоздаваат познатите работи во препознатливи но сосема нови облици, како да се трансформирале поминувајќи низ светот на некој сон.

Ова е првата книга за деца на Малеска, која досега ги има објавено збирките раскази „Недоразбирања“, „Именување на инсектот“ и „Мојот непријател Итар Пејо“, романите „Бруно и боите“ и „Призраци со срмени нишки“, како и драмата „Случка меѓу настани“.

Екипата на театарот „Сенки и облаци“ на промоцијата, со помош на магијата на сенките, ќе одигра претстава работена според еден од расказите во „Арно ама“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе