Промоција на прирачникот по драмска уметност на режисерот и професор Милош Б. Андоновски

Александра Спасеска
/ 09.06.2022 / 11:16

На 15 јуни (среда) од 20 часот во Јавна соба ќе се одржи промоција на првиот прирачник по драмска уметност за наставници на македонски и албански јазик, во издание на „Театар за сите“.

Автор и приредувач на прирачник е Милош Б. Андоновски, режисер и професор.

Промотори на публикацијата се: Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје, и Бесфорт Идризи, актер, режисер и доцент на Факултетот за драмски уметности – Скопје, а воедно и преведувач и адаптатор на прирачникот на албански јазик.

Модератор на настанот е актерката Ангела Стојановска.

Во светски рамки, појавата на театарот во образовнието датира од средината на XX век, а за инаугуратор на оваа практика се смета Брајан Веј. Театарската уметност во РСМ, во средношколскиот (гимназиски) образовен систем, се воведува дури во учебната 2001/02, како изборен предмет со назив Драмска уметност, во јазично - уметничкото подрачје, комбинација Б. Оттогаш не постои ниту учебник за учениците, ниту какво било дидактичко помагало за наставниците.

„Овој прирачник се обидува да го надомести она кое минатите генерации го испуштиле по предметот Драмска уметност, со тоа што на идните генерации ќе им овозможи, ако ништо друго, барем поразнолико и подинамично искуство по овој предмет. Прирачникот по Драмска уметност, пак, вам, како на наставници, ќе се обиде да ви стане партнер во училницата, како и место на сигурност кон кое секогаш ќе можете да се навраќате, низ непредвидливиот процес на изучување на театарот“, велат од „Театар за сите“.

Прирачникот е бесплатен за наставниците од државните гимназии.

Публикацијата е продуцирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Проектот „НОВИ ПУБЛИКИ“, во чии рамки е и оваа публикација, е овозможен од Регионална мрежа за културна разновидност (READ – Regional Network for Cultural Diversity).

Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti I Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Krokodil (Србија), Qendra Multimedia (Косово).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе