Промоција на првиот квир роман „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски

Александра Спасеска
/ 07.09.2020 / 12:23

Во рамки на програмата на Skopje Pride Weekend, вечерва ќе се одржи промоцијата на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Новиот роман на Андоновски е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Дизајнот на корицата е на Вања Штркова.

„Лето во кое те нема“ е најавен како првиот квир роман во македонската книжевност, а се промовира набргу откако Андоновски ја доби Европската награда за литература за неговиот трет роман „Страв од варвари“.

Промоцијата ќе се одржи денеска, понеделник 7 септември, од 21 часот во ShortBus како дел од програмата на Skopje Pride Weekend.

За романот ќе зборуваат Ирена Цветковиќ и Румена Бужаровска.

Во однос на универзалните книжевни текови, Андоновски со своите романи го носи големиот свет во македонскиот јазик, промислувајќи го естетски релевантно и актуелно. Она што од една страна е врзаност на авторот со поднебјето, од друга страна се претвора во сензитивна мембрана преку која продираат големите нешта во малата книжевност. Андоновски зафаќа теми кои одамна (или никогаш) не се пишувани кај нас. Другоста, траумите, сексуалноста, престапите, осамите... како ореоли на луѓето од секојдневието. Просторот на делата на Андоновски најчесто не е или само делумно е наш, неговите романи речиси секогаш се населуваат или се поврзуваат со далечното, неодреденото,.. со морето и синиот бескрај и во оваа негова карактеристика се препознава отскокнување од локалното, но само во поетолошко-филозофска смисла. На тој начин, најнашето станува најсветско или обратното – најсветското станува најнаше. Токму во овој спој на нештата е неговата вистинска вредност и посебност во домашната книжевност.

Оливера Ќорвезироска

Во најновиот роман „Лето во кое те нема“ Андоновски повторно ни говори за борбата да бидеш свој, а не она што другите го очекувале од тебе или оној/онаа што си мислел дека треба да бидеш. Да бидеш ти – ти, пред себе, пред оние кои ги љубиш, пред оние кои те љубат, пред оние кои не те разбираат, пред целиот свет, тоа е предизвик за секој кој се обидува да ја осознае својата мисија во светот, но и секој кој упорно си го поставува прашањето „Кој сум јас?“.

Ана Мартиновска

„Лето во кое те нема“ е искрен, интимен и храбар роман кој проникнува во најмрачните и досега неискажаните понори на нашето општество. Оваа моќна приказна, раскажана со препознатливиот питок јазик на еден од нашите најбитни современи писатели, Петар Андоновски, отвора ново, ослободувачко поглавје во македонската книжевна традиција.

Румена Бужаровска

Петар Андоновски (1987, Куманово) е автор на: ,,Ментален простор" (поезија, 2008), ,,Очи со боја на чевли" (роман, 2013, три изданија), ,,Телото во кое треба да се живее" (роман, 2015, три изданија), ,,Страв од варвари" (роман, 2018, две изданија).

Добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за романот ,,Телото во кое треба да се живее" и на Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Книги

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Исланѓанец 110 години ги лажел сонародниците за Дракула

Read more

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека на вашето тело му е потребен зголемен внес на електролити

Читај повеќе

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе