Промовирана книгата „Ало Тончов – Бардот на велешката чалгија“ на Трајче Малинов

„Ало Тончов – Бардот на велешката чалгија“ е прва книга на м-р по музика професор Трајче Малинов. Промоцијата беше во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Во книгата е претставена чалгијата како музички феномен, автохтона за Велес и Македонија од 19 век па сѐ до денеска.

Покрај општите податоци за чалгијата, во ова стручно книжевно дело, претставен е ликот на Алексо (Ало) Тончов, како врвен инструменталист - виолинист, кој со својата мајсторија на инструментот и чалгиската свирка бил познат и признат во Велес и Македонија.

Како што појасни Малинов, книгата е со неколку поглавја, општ дел наменет за целата популација, како и стручна обработка на нотни примери, нивна метричка и формална структура.

Покрај пишаниот збор, во книгата на Малинов има бројни фотографии, мелографирани и нотирани примери од песните и ората што се изведувале на свадбите и веселбите, како и мелоритмичка обработка на истите.

Авторот на книгата Трајче Малинов за МИА информира дека книгата е настаната со работата на неговиот магистерски труд од 2008 до 2011 година

– Оваа книга е ризница за незаборавот - чалгијата, нешто драгоцено што е традиција во Велес и Македонија уште од 19 век па сѐ до ден денешен. Моментално во Велес има само две чалгиски тајфи и за жал чалгијата е во изумирање. Но, сепак, со оваа дело сакам да оставам траг за незаборавот на велешката чалгија, потенцира тој.

Тој појаснува дека има чалгии и во други македонски градови, но велешката чалгија е посебна затоа што е со оној традиционален чалгиски состав и инструментариум каков што само во Велес се користи, а го нема во другите градови.

Тој истакнува дека има четири чалгиски региони во земјава: битолски, охридски, велешки и скопски, каде што, вели Малинов, во секој регион се користеле различни инструменти.

– Велешкиот чалгиски регион е специфичен по инструментариумот пред сѐ од арапскиот свет: ќенането, лаута, ќанон, ут, дајре, освен кларинет и виолина, кои не се дел од тој инструментариум, а сепак се користат, вели тој.

Инаку, Трајче Малинов, кој свири кларинет со неговата група „Виртус“, има издадено два албума каде што се обработени најубави стари велешки чалгиски песни.

Тагови
реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Култура

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал Чаршија

Read more

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Вести

  • play_arrow

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Читај повеќе

Новите правила на ЕУ стапуваат на сила денес: Забрането е уништување на облека

Читај повеќе