Пронајден доказ за постоење вода на Марс, сместена е длабоко во кората

Најновото истражување на научниците покажа сеизмолошки докази за постоење на вода во течна форма на планетата Марс, пишува BBC.

Наодите доаѓаат од новата анализа на податоците од лендерот Mars InSight на НАСА, кој слета на планетата во 2018 година.

Лендерот носи сеизмограф, кој четири години бележел вибрации - земјотреси на Марс - од длабочината на Црвената планета.

Со анализа на овие земјотреси - точно како се движи планетата - откриени се „сеизмолошки сигнали“ на течна вода.

Анализата откри резервоари со вода на длабочини од околу 10 до 20 километри во кората на Марс.

Студиите на површината на Марс - со нејзините канали и бранови - покажуваат дека на планетата во древно време имало реки и езера. Но, веќе три милијарди години Марс е пустина.

Локацијата на овој подземен водоносен слој на Марс не е добра вест за милијардерите кои планираат да го колонизираат Марс и кои би сакале да го искористат.

„Заробена е на 10-20 километри длабоко во кората. Дупчењето дупка длабока 10 километри на Марс - дури и за Илон Маск - би било тешко“, вели професорот Мајкл Манга од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија.

Откритието може да укаже и на друга цел во тековната потрага по докази за живот на Марс.

„Без течна вода, не можете да имате живот. Значи, ако има услови за живот на Марс, тие би можеле да бидат длабоко под земја“, рече професорот Манга.

Тагови
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Вести

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Read more

Google блокирал пет милијарди реклами

Read more

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Read more
 

Гик

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе