Пред поликлиника Бит Пазар вчера околу 19 часот полициски службеници извршиле контрола во автобус кој сообраќал на релација Транспортен Центар-Бит Пазар.
Од МВР информираат дека при преглед, кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален пиштол марка „ЕКОЛ“ калибар 9 мм и една рамка за пиштол без муниција.
Малолетникот бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.