Млад скопјанец е пронајден мртов во стан во Скопје, без траги на насилство.
Вчера во 17:04 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во стан на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје бил пронајден починат Е.З.(38) од Скопје.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.