МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден во водите на Преспанското Езеро е пронајдено починато лице.
Во 11:05 часот во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот-Крани, има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ.Д.(72) од Неготино околу 10:50 часот влегол во водите на Преспанското Езеро, му се слошило и починал.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството