МВР соопшти дека во КПУ „Идризово“ е пронајден починат затвореник, без траги на насилство.
На 06.04.2020 во 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09:00 часот во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.
За настанот е известен и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.