Пронајден скелет од човек кој се обидувал да се спаси од ужасот во Помпеја

Функционерите на археолошкиот локалитет Помпеја соопштија ново откритие - скелет на маж погоден од огромен камен, додека се обидувал да побегне од ерупцијата на вулканот Везув во 79 година.

Функционерите од Помпеја објавија и фотографија од скелетот, а на него се наоѓа голем камен блок, кој, како што се верува, го погодил човекот во градите за време на ерупцијата на Везув, во која исчезнаа античките градови Помпеја, Херкуланум и Стабија, а илјадници луѓе починаа.

Скелетот е најден за време на неодамнешните ископувања и се верува дека е во прашање маж стар 35 години, кој настрадал во експлозијата.

Според зборовите на функционерите, тој човек имал тешкотии со одењето, што го отежнало неговото бегство.

Генералниот директор на археолошкиот локалитет, Масимо Осана, изјави дека е во прашање „исклучително откритие“ кое придонесува за создавање на подобри „слики за историјата и цивилизацијата од тој период“.

Помпеја е добро зачувана под вулканскиот пепел и лава, па остана да биде сведоштво за животот и културата на Римјаните од тој период.

Градот Помпеја, јужно од денешниот град Неапол, основан е во шестиот век пред новата ера и во текот на 700 години - до ерупцијата на вулканот Везув, кој го затрупа градот со пепел и го уништи, овде живееја Самнити, Грци, Етурци и Римјани.

Помпеја во 1997 година од страна на Организацијата на Обединетите нации за образование беше ставена на листата на светски културни богатства.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе