Наука

Пронајден тест кој детектира сепса во рок од 10 минути

7. декември 2019 - 14:27 | М.С.

Брзиот тест за анализа на крвта може да направи револуција во дијагностицирањето на сепса. Тестот го развија научниците на компанијата кои го измислија и тестот за бременост, а потребни се 10 минути за да се анализираат протеините кои покажуваат дали во организмот има сепса.

Секој час по доцното откривање на сепса се зголемува ризикот од смрт за 7 проценти, а раната дијагноза е клучна.

Со досегашните тестирања, потребни се три дена за да се добијат резултати дали пациентот е заболен од сепса.

Новиот тест ја детектира сепсата со неколку капки крв за неколку минути. Научникот Паул Давид, истиот научник кој ги измисли и првиот едноставен тест за бременост во 1980 година, го измисли и тестот за сепса заедно со научниците од неговата компанија Mologic, пишува Daily Mail.

Додека тестот за бременост трага по клучните хормони од матката и покажува линии на тестот, Mologic трага за протеини во крвта кои ја означуваат сепсата.

Шест протеини кои ги произведува имунолошкиот систем за да се бори против инфекции, идентификувани се во текот на седумгодишното тестирање на примероци од околу 1000 пациенти. 

Густината и примерокот кои ги анализира преносниот читач дава резултати во рок од 10 минути.

Во лабораторијата овој тест детектираше 80 случаи со сепса.

Засега се врши тестирањето на 550 пациенти кои се сместени на интензивна нега во лондонската болница за да ги потврдат прелиминарните резултати.

Се очекува дека овој тест може да се употребува за широка употреба во 2021 година.

Коментирај