На Британката Пеги МекСвин ѝ е вратен венчалниот прстен што го изгубила пред 50 години на земјиште каде што се одгледувале компири.
„Беше малку така емотивно“, рекол Доналд МекФи, зборувајќи за тоа како се случило да го пронајде и врати прстенот.
МекСвин, која сега има 86 години, верува дека прстенот ѝ паднал од прстот додека берела компири. Откако МекФи, кој знае да користи детектор за метални предмети, во разговорот на соседот на МекСвин дознал дека прстенот е изгубен, тргнал во потрага по него.
Три дена го барал во област која стана популарна локација за дружење. Таму биле закопани голем број лименки во кои биле ставана прстен, па поради тоа потрагата била отежната.
„Барав три дена и ископав 90 дупки. Тешкотијата беше што таму беа закопани голем број прстени. На третиот ден од потрагата го најдов. Бев целосно запрепастен. Пребарав површина од 5.000 квадратни метри. Шансата беше 1 од 100.000 да го најдам, но го најдов. Технологијата ми помогна, но имав и среќа“, рече МекФи.
Веднаш го однел прстенот кај сопственичката. Според него, пртсенот бил во беспрекорна состојба.
„Таа го стави на прстот и одлично ѝ прилегаше“, додава тој.
МекСвин биле убедена дека никогаш нема да го најде.
„Тој дојде пред вратата и рече: 'Имам нешто да ти покажам'. Тоа беше прстен. Не можев да верувам, но се случи. Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам“, вели таа.
Нејзиниот сопруг Џон, со кој била во брак од јули 1958 година, починал пред неколку години. На едно патување и подарил нов прстен.