Македонија

Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна во битолско

11. февруари 2019 - 10:25 | МИА
Скопје, 11 февруари 2019 (МИА) – Во атарот на битолското село Крклино, на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, вчера била пронајдена артилериска граната, калибар 75 мм, од Првата светска војна.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка. 

Коментирај