Свет

Пронајдена француска подморница исчезната пред половина век

22. јули 2019 - 19:12 | МИА
Париз, 22 јули 2019 (МИА) – Француската подморница Минерва, која исчезна во 1968 година со 52 члена на екипажот, е пронајдена во близина на Тулон, изјави денеска министерката за одбрана на Франција, Флоранс Парли.

– Тоа што ја најдовме подморницата е успех, олеснување и технички подвиг, рече Парли.

Таа додаде дека нејзините мисли се со семејствата на членовите на екипажот кои толку долго чекаа на овој момент.

Подморницата е пронајдена на 45 километри од Тулон и на длабочина од 2,3 метри. Ја пронајде американскиот брод „Сибед констактор“, кој доплови минатиот четврток за да се приклучи на потрагата. 

Коментирај