Хроника

Пронајдена марихуана кај две лица, вработени во УБК

20. јули 2019 - 12:31 | МИА
Скопје, 20 јули 2019 (МИА) –  Полицијата приведе двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и  против нив покрена дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив е пронајдена марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на ул. „Козле“ во Скопје.

– Завчера  околу 18:20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК повел постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Коментирај