Археолози пронајдоа мали гробници во форма на пирамида на градилиште во Кина. Станува збор за пирамиди пониски од два метри, пронајдени под земја во градот Женгжу.
Не е позната нивната старост, но се претпоставува дека се изградени за време на династијата Хан (206-220 година пред новата ера), период што се сметал за златно доба во Кина.
Кој е закопан во пирамидата и зошто гробницата е изградена во облик на пирамида не е познато.