Пронајдени четири тела во остатоците од бродот што потона во Дунав

Специјални тимови денеска пронајдоа уште четири безживотни тела за време на извлекувањето на бродот кој пред две недели потона во Дунав кај Будимпешта. Во бродот се наоѓаше поголема група на туристи од Јужна Кореја.

Бродот Hableany потона за само неколку минути на 29 мај откако во неговата задна страна удри поголем крузер додека двете пловила се наоѓаа под мостот во Будимпешта, каде се криеја од силните врнежи.

Оваа несреќа беше најголема од нејзиниот тип во најголемата европска река во последниот половина век. Во неа загинаа 26 туристи и двајца членови од унгарската посада. Телата на четворица од туристите и понатаму не се пронајдени.

Едно од телата беше пронајдено кога капетанската кабина исплива на површината, објави портпаролот на унгарските специјални сили кои ја координираа акцијата за извлекување на остатоците од бродот. Државната агенција MTI пренесува дека денеска нуркачите пронашле четири тела, а спасувачите им оддадоа почит додека тие беа излекувани од реката.

Капетанот на крузерот Viking Sigin, идентификуван како Ц. Јури (64) од Одеса, Украина, се наоѓа во притвор во својство на осомничен. Неговите адвокати велат дека тој ја сфаќа сериозноста на трагедијата и дека го признава учеството во неа, но дека не направил никаква грешка која би го направила виновен.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе