Од слобода е лишен 47-годишен скопјанец кај кого било пронајдено дрога и оружје.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во 01:15 часот по полноќ на ул.„Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, го лишиле од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол „берета“ за кој не поседувал дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР,