Пронајдени можни знаци на живот на Венера

Кајгана/МИА
/ 15.09.2020 / 09:07

Научници тврдат дека во атмосферата на Венера е пронајден специфичен вид на гас наречен фосфин, кој потекнува од живи организми, пренесе BBC.

Фосфинот е гас чија молекула се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, соединението се поврзува со живот, т.е. со микроби кои живеат во цревата, на пр., на пингвините или во средини со послабо присуство на кислород, како што се мочуриштата.

Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен, а го произведуваат бактерии на кои не им е потребен кислород. Така, се поставува прашањето – од каде потекнува фосфинот на Венера?

Со оглед на сè што знаеме за Венера, никој сè уште не е во можност да го опише абиотскиот пат до фосфинот, барем не за откриените количини. Тоа значи дека животниот извор на фосфин е можен.

„Сега многумина ќе се обидат да објаснат од каде е фосфинот таму каде што нема живи суштества и јас тие напори ги поздравувам“, вели научничката Клара Суса-Силва, додавајќи дека е во прашање живот или некои физички или хемиски процеси кои не ги очекуваме на каменити планети.

Оваа појава исто така отвора можности дека на Венера (со просечна температура поголема од 460 степени Целзиусови) опстанал некој облик на живот кој огромната топлина не го уништила.

Венера се смета за „близначка“ на Земјата бидејќи и двете планети се со слична големина, маса и композиција. Но, овде престануваат сличностите, бидејќи каде што на Земјата има вода на Венера или врели предели.

„Неверојатна е и помислата дека таму нешто би можело да живее опкружено со сулфурна киселина. Сите геолошки и фотохемиски процеси кои ги познаваме се премногу неприкладни за да можеле да произведат фосфини каки што видовме“, смета професорката Џејн Гривз од Универзитетот во Кардиф.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе