Скелет на диносаурус откриен во Аргентина е досега најголемиот пронајден во светот. Се верува дека диносаурусот тежел повеќе од 62 тони.
Во изминатиот период се истражени и остатоци на шест млади диносауруси откриени во Патагонија. Утврдено е дека биле долги 35 метри, а високи 6 мести.
Овој вид на диносаурус, титаносаур, живеел пред 100 милиони години. Овие диносауруси јаделе билки и стоеле на четири нозе, имале долга опашка и долг врат.