Пронајдени остатоци од брод што потонал пред 400 години

Археолози во близина на еден брег во Португалија открија остатоци од брод стар 400 години, за кој се верува дека потонал во Лисабон, откако се вратил од Индија полн со зачини, соопштија денеска експертите.

„Од гледиште на културното наследство, ова е откритие на деценијата. Во Португалија е ова најзначајното откритие на сите времиња“, рече денеска директорот на истражувачкиот проект Жорже Фрејре, пренесува „Reuters“, со забелешка дека остатоците од бродот се пронајдени во рамките на 10-годишен археолошки проект.

Во пронајдените остатоци и околу нив, 12 метри под површината на морето, нуркачите открија зачини, девет бронзени топови, кинеска керамика и школки, кои се користени како пари за трговијата со робови во колонијалниот период.

„Остатоците од бродот се откриени на 3 септември кај брегот Кашкаиш, туристичко гратче во близина на Лисабон, а предметите кои се пронајдени се многу добро зачувани“, изјави Фрејре.

Тој и неговиот тим веруваат дека бродот потонал помеѓу 1575 и 1625 година, кога португалската трговија на зачини со Индија го доживувала својот зенит.

„Долго време експерти ја сметаа реката Тагуш за средиште на бродоломи. Ова откритие тоа го потврди“, рече португалскиот министер за култура Луиш Мендеш.

Во 1994 година, во близина на Кашкаиш е пронајден уште еден потонат португалски брод, потсетува „Reuters“.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе