Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Макфакс
/ 08.02.2025 / 10:20

Пронајдени се останатите делови од малиот авион што завчера се урна во Западна Алјаска, а сите 10 лица се загинати, соопштија властите.

Авионот Cesna 208B Grand Caravan на Bering Air исчезна од радарот по пат кон Ноум од Уналаклит, во четврток попладне по локално време. Во авионот биле пилотот и 9 патници.

Се известува дека авионот се наоѓал на околу 54 километри од Ноум, на замрзнатото море.

Двајца нуркачи од крајбрежната стража беа спуштени за да ја испитаат ситуацијата, а сега се преземат напори за брзо извлекување на телата, бидејќи во следните 18 часа се предвидува влошување на временските услови и појавување на нестабилен мраз.

Американската Национална управа за безбедност на транспортот (НТСБ) испраќа 9 истражувачи на местото на несреќата за да ги утврдат околностите.

Летањето е најчестиот начин на транспорт во Алјаска поради големата територија и ограничената инфраструктура – повеќето заедници не се поврзани со главните патишта, па се користат мали авиони за транспорт.

Авионот на Bering Air опслужува 32 села во западна Алјаска, поврзани со центри како Ноум, Коцеб и Уналаклит, со два лета дневно од понеделник до сабота за повеќето дестинации.

Оваа несреќа е трета голема во САД во последните осум дена. На 29 јануари, патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон, при што загинаа 67 лица, а на 31 јануари медицински транспортен авион се урна во Филаделфија, со загуба на сите 6 лица во авионот и едно лице на земја.

реклама

Свет

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Read more

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе